Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи (МВР), Панче Тошковски кажа дека системот „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари, како што се најавуваше и претходно.
Министерот посочи дека ќе има и нов праг на толерација, при што соопшти на кои брзини возачите ќе добиваат казни за прекршоците.
„Ако возите моторно возило каде што има знак 30 км/ч, тогаш со 36 км/ч камерата нема да ве евидентира, туку ќе ве казни со 37 км/ч. Од 50 до 100 км/ч, ќе добиете порака за евиденција на 51 км/ч, додека ќе ве казни на 60 км/ч. На брзини од 100 км/ч, возачот ќе добива порака на 101 км/ч, додека казна би му била изречена на 113 км/ч што значи дека прагот на толеранција е 12 км/ч“, објави Тошковски.
