Учениците од Карев оддаваат почит на нивната прва класна раководителка, Нада Блажевска. Таа беше повеќе од професорка – човек кој со својата грижа, трпение и знаење ги водеше младите кон изградба на карактер, почит и човечност.
Нада Блажевска ги учеше учениците дека знаењето има вредност само кога е проследено со добрина, а животот се живее со исправен став и отворено срце. Нејзините совети и поддршка остануваат длабоко врежани во спомените на оние што имале чест да ја познаваат.
Независно од времето, трајната трага што ја остави во животите на учениците ќе биде паметена со благодарност и почит.

