Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ во „ТВ21“ и зборуваше за најавениот протест на синдикатите за денеска од 17 часот.
Мицкоски кажа дека нема ништо против повисоки плати, но смета дека целта на синдикатите била политичка пресметка.
„Ги видов барањата, тоа не е ништо ново. И јас сум за повисоки плати. Секој треба да добие, тука нема дилема. Но треба да се погледне вистината во очи и да се каже дека неколкумина од водството на синдикатот имаат друга цел. Таа цел не е хумана“, кажа Мицкоски.
