Со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, Скопје влегува во нова фаза на модерно управување со сообраќајот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека наместо досегашните застарени решенија, ќе се користи напредна технологија која ќе го следи и насочува сообраќајот во реално време.
Клучна новина е воведувањето на таканаречениот „паметен зелен бран“ – интелигентен систем кој автоматски ќе ги усогласува семафорите според моменталната фреквенција на возила. Целта е да се скратат застојите, да се намалат метежите и да се овозможи побрзо и побезбедно движење, особено во најоптоварените делови од градот.
Ѓорѓиевски нагласува дека во наредниот период Советот на Град Скопје ќе треба да донесе повеќе одлуки поврзани со новата сообраќајна организација. Со целосната примена на системот „Безбеден град“, се очекува значително подобрување на секојдневното функционирање на сообраќајот во главниот град.

