Фото: Петар Георгиевски
Поранешниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа откри што му се случило на бања во Аранѓеловац.
„Бев на бања во Аранџеловац и сосесема неврзано во сауна еден лик ми вика, требали сте са нама да останете били би јачи, мисли на Србите. Јас културен, не викам дека нема такви кај нас, но мнозинскиот македонски народ никогаш не сакал да биде “српски“,памтат многу Македонци како било, под управа и за време на цар Душан и непосредно пред втората светска војна!! Види друже вие викате дека сме срби, бугарите дека сме бугари, грците дека сме грци, албанците дека сме албанци, нели е малку нелогично да бидеме се тоа одеднаш, а притоа никогаш ние да не сакаме да бидеме ни срби, бугари, грци или албанци. Му викам знаеш зошто?!
Ние знаеме што сме и кој сме , а вие што изгледа потајно сакате да бидете Македонци, никој не ви брани, бујрум. Да те прашам, како ви се вика азбуката, он вика ќилирица? Јас прашувам, дали Ќирил бил србин?! Тишина, едно една минута, па одговара, не био је грк. Јас му викам,значи да сте грци?! Продолжува,или можда македонац, шта ја знам?! Продолжува да ме прашува што мислам за Хрватите?! Јас го прашувам, како се вика кај вас и кај хрватите ,крлеж, он вика крпељ. ОК а како се презива Мирослав?! Јас му помагам, викам Крлежа! А онај њихов писац. Јас му викам да Мирослав Крлежа е со македонско презиме и потекнува од Македонија, и не се презива крпеља туку Крлежа или крлеж, што кај вас и нив се вика крпељ.
Не продолжувам понатаму, зошто ако фатиме за цркви и векови далеку ќе стигнеме! Туку викам оваа бањава ви е топ, и ние имаме една многу добра Цар Самоил се вика и е многу лековита, дојдете слободно, Македонците ќе ве пречекаат домаќински. Не викам дека нема некој кој од лукративни причини не сака да биде ваков или таков, но со сигурност да знаеш мнозинството вака мисли. На вечера стига пијачка од господинот, наздравувам и другиот ден возвраќам. Хвала ти пуно за разговору. Се прегрнавме разменивме броеви, и обеќавме дека повторно ќе се сретнеме, сега растеретени од прашањето за заедно. Ете јас вака си го бранам нашето! Туѓото не го сакаме своето не го даваме. Македонија вечна“, објави Петар.
