Фото: Принтскрин
Македонскиот државјанин Бесим Ш. е уапсен во Тирана, Албанија. Тој е осомничен за тројно убиство во Македонија во 2007 година.
Бесим се криел во Тирана со помош на фалсификувани документи на граѓани од Косово. Дирекцијата на силите за специјални операции успеале да го уапсат Бесим, кој е осомничен дека на 5 октомври 2007 година убил тројца жители во село Копаница, скопско.
