Фото: Принтскрин
Сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, малолетник со возило удри во друго возило и пешак кој се бори за живот.
„На 25.01.2026 во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба“, објави МВР.
Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

