Фото: Принтскрин
Полициските службеници отворија криминално досие по убиството на Марио Алин во близина на Темишвар кој го потресе целиот Балкан.
Еден од осомничените, 13-годишно момче, имало позитивен тест на дрога откако било уапсено од полицијата и испратено да направи медицински текст.
Судот во Темишвар објави дека двајца 15-годишници кои се осомничени за убиството на Марио остануваат во притвор, додека 13-годишниот не може да одговара кривично.
Еден од 15-годишниците е осомничен дека го извршил убиството и го закопал трупот заедно со вториот 15-годишник.
