Фото: Принтскрин
Голем пожар избувна во фабриката за бисквити „Виоланта“ во Трикала, Грција, при што четири лица загинаа, а има исчезнати по кои е почната потрага.
Грчките медиуми пишуваат дека на местото на пожарот се пристигнати голем број возила на пожарникарската бригада и Итната помош.
Во болница се пренесени четири жени кои се здобиле со тешки повреди при пожарот во фабриката „Виоланта“.
