Фото: Принтскрин
Александар Јосифовски објави дека напишал песна за фотографот Кристијан Љушев кој го загуби животот во Охрид.
„Напишав песна за тебе, ,не знаев дека ке биде за тебе, Aна е сведок за тој ден додека ја работев.Ја компонирав за Весна Змијанац и сакав да и ја испратам следниот ден. Како да ме повика да го напишам текстот за таа мелодија, брате мој, Истиот кобен ден ,јас ја завршив мелодијата и Djole Djole Saweski ми се јави да ми ја соопшти твојата судбина. Остана тогаш така празна без текст. Сега си има свој текст“, објави Александар.
