Во Велес, во Општата болница, на Детското одделение било донесено шестгодишно дете од Градско, но за жал лекарите само ја констатирале смртта.
СВР Велес информира дека случајот бил пријавен вчера околу 19:45 часот. Според информациите, детето имало претходни здравствени проблеми, а на телото не биле забележани траги на насилство.
По извршениот увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, и по насоки на јавен обвинител, телото било предадено за обдукција за да се утврдат причините за смртта.
