Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов, на својот Фејсбук профил објави видео од акција во која на лице место се фатени лица кои незаконски сечат дрва на Плачковица.
Според објавата, денеска, во соработка со Шумската полиција од ПС Скопје, на терен биле фатени дрвокрадци кои во изминатиот период направиле голема штета во Радовишко.
Како што наведува Михаилов, од сторителите биле одземени две моторни возила, една моторна пила и други алатки со кои го извршувале кривичното дело.
„Сторителите се идентификувани и веднаш ќе следуваат кривични пријави“, порачува тој, нагласувајќи дека нема недопирливи.
