Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски објави дека го реализираат ветеното, односно делат по 3.000 денари финансиска поддршка за секое прваче.
„Како што ветив за локалните избори, по воведувањето за еднократна парична помош за секое новороденче, од следната учебна година ќе доделуваме и субвенција во износ од 3.000 денари за секое прваче.
Со оваа скромна помош им помагаме на родителите во покривањето на дел од трошоците поврзани со започнувањето на образовниот процес.
За потсетување од 2022 година за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта во нашата општина им доделуваме ранчиња и училишен прибор.
Остануваме посветени во вложување во децата, семејствата и иднината на заедницата“, објави Георгиевски.
