Фото: Принтскрин
Голема помош за младите следи од Општина Центар, која ќе дели субвенции за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината.
Општината соопшти дека право на субвенција имаат следните лица:
- жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 години (родени 2008 година)
- жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 19 години (родени 2007 година)
- лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени 2006 година), под услов уплатата за полагање на возачки испит да ја извршиле во 2025 година
Субвенцијата ќе изнесува 10.000 денари, а се користи само за полагање на возачки испит Б-категорија.
