Фото: Принтскрин
Македонскиот јутјубер Ритко Мемедов, кој во изминатиот период привлече големо внимание поради неговите видеа, повторно е актуелна тема на социјалните мрежи.
Ритко вчера имаше емисија во живо од својот дом, по што тврди дека бил нападнат од едно лице, а за тоа се појави и снимка.
Мемедов кажа дека едно лице барало пари од него, односно барало да му го врати долгот, како што се гледа и на самата снимка.
По расправијата во која Ритко тврди дека нема пари, лицето го напаѓал и го удира по глава, по што јутјуберот тврди дека му ја дупнал главата.
