Фото: Комерцијална банка
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат во близина на местото познато како „Двојни кривини“, во атарот на селото Уларци кај Кочани. Според информациите, патничко возило „Фолксваген Туран“ со кочански регистарски таблички, управувано од 41-годишен возач од Кочани, излетало надвор од коловозот.
Во инцидентот најтешко е повредена 16-годишна малолетничка од селото Спанчево, кај која лекарите констатирале тешки телесни повреди. Дополнително, уште четири малолетни лица – тројца на возраст од 16 години од селата Чешиново, Спанчево и Кучичино, како и 14-годишно девојче од Чешиново – се здобиле со телесни повреди.
Сите повредени биле пренесени и згрижени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош. На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа на ОВР Кочани, а причините за излетувањето на возилото од патот се предмет на понатамошна истрага.
