Во градинка во Блаце, Србија, едногодишно дете ненадејно се разболело и изгубило свест откако, наместо вода, во шишето од дома било ставено бензин. Итно била повикана брза помош, а детето било пренесено во локалната болница во Прокупље. Поради сериозноста на состојбата, подоцна било транспортирaно во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Истрагата покажува дека токсичната течност не е од градинката, туку детето ја донело од дома. Според првичните информации, неговата баба, несвесна за опасноста, во шишето за вода налеала медицински бензин, кој се користи за дезинфекција во домаќинството. Детето испило само една голтка, но тоа било доволно за да дојде до аспирација и да ја изгуби свеста.
