Фото: Василија Петрова
Познатата македонска пејачка Василија Петрова, која ги воодушевува Македонците ширум светот со изведбите на патриотски песни, овој пат беше во Крањ, Словенија.
Василија објави снимки од Крањ, каде што може да се забележи дека ги освои срцата на Македонците и Македонките кои беа присутни на настанот.
„Така си поминавме во Крањ! Голема благодарност до МКД ‘Св. Кирил и Методиј’ за поканата“, напиша Василија на социјалните мрежи.
Следниот настап на Василија ќе биде во Копер, Словенија на 25 јануари.
