Фото: Принтскрин
Германскиот медиум „Фокус“ објави дека во Германија живеат над 14 милиони странци, а бројката драстично се зголемила по војната во Украина во 2022 година.
Интересно е тоа што во Германија живеат и многу луѓе од Балканот, па така има дури 422.787 регистрани Бугари во земјата.
Има и Хрвати, Грци, Срби, Босанци, додека од Македонија доаѓаат дури 161.044 жители.
Медиумот наведува дека во Германија има дури 14.077.867 странци, односно околу 16,8 проценти од вкупното население кое изнесува дури 83,6 милиони луѓе.

