Фото: Принтскрин
Игор Јакимовски објави фотографии и статус за најголемиот херој на Водици кој спаси момче што скокна по чесниот крст во реката Вардар.
„Најголемиот херој на Водици. Волонтерот од Црвен Крст кој без размислување заплива кон момчето кое беше заглавено на јажето со главата под вода.
Неговата брза реакција во студените и надојдени води, тоа што навремено доплива до момчето и клучниот момент што го отплетка од јажето беа вистинско херојство. Споделете да се знае кој е херојот и секако да се награди со орден“, објави Јакимовски.
