Фото: Виолета Арсовска
Македонката Виолета Арсовска го осови второто место, односно сребрениот медал на музичкото натпреварување „International Moscow Music Competition“, кое се одржа во Москва, Русија.
Арсовска беше единствен претставник од Македонија во возрасна категорија од 36 до 45 години, како што објави на социјалните мрежи, и успеа да ја израдува нашата земја со освоеното второ место.
Таа објави дека се претставила со неколку од нејзините омилени дела како „Со маки сум се родила“, „Шарпланинска приспивна“, „Подмосковние вечери“.
„Стигна сребро од Москва. Со особена чест ја споделувам дипломата и резултатите. Благодарна сум за ова признание и мотивирана да продолжам понатаму“, објави Арсовска.
