Фото: Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница
Македонската ракометна репрезентација денеска го игра клучниот натпревар против Романија во третото коло од групната фаза на Европското првенство, во кој влогот е пласман во следната рунда од шампионатот.
Иако ситуацијата не е целосно во нивни раце, „црвено-жолтите“ сè уште имаат реална шанса да продолжат понатаму. Првиот и најважен услов е победа над Романија, при што избраниците ќе мора да бркаат што е можно поубедлив резултат.
Покрај сопствениот триумф, Македонија ќе мора да се надева и на помош од Данска, која треба да ја совлада Португалија. Само во таква комбинација, односно ако збирот на гол-разликата од двата денешни натпревари надмине 18 погодоци, македонската селекција ќе обезбеди место во следната фаза од Европското првенство.
