Фото: Принтскрин
Бојан Јовановски – Боки 13 заедно со Ридван Мемедов Ритко беа домаќини на уште една емисија во „Б Подкаст“ каде што гостуваше македонската пејачка Антониа Гиговска.
Секоја емисија на подкастот привлекува големо внимание, поради темите кои ги обработуваат, а во последната Антониа откри дека добивала непристојни коментари од фанови на социјалните мрежи.
Антониа во разговорот со водителите раскажа дека постојано добива недолични коментари и понуди на социјалните мрежи, а Ритко реши да ги прочита пред големиот број гледачи на јутјуб.
Коментарите се навистина срамни од лицата кои ги упатувале кон македонската пејачка, а истите предизвикаа бурни реакции во јавноста по емисијата.
