Фото: РФМ
Македонската ракометна селекција денеска ја очекува последната пресметка во групната фаза на Европското првенство, каде од 18 часот ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
Пред овој натпревар, селекторот Кире Лазаров мораше да реагира со измена во ростерот, бидејќи поради повреда отпадна Петар Атанасијевиќ.
Како негова замена беше повикан Гоце Ојлески, кој дополнително се приклучи на националниот тим.

