Фото: Сашко Митковски
Денеска ширум Македонија се фрлаше светиот крст, а еден од верниците кои учествуваа во фаќањето беше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
„Драги мои Кривопаланчани,
денес Водици во Крива Паланка се почувствуваа со срце.
Кога се фрли Светиот Крст во ладните води на Крива Река, верата нè собра сите на едно место.
Влеговме по крстот заедно, со храброст и со чиста мисла, а радоста од тој свет момент ја споделивме како едно големо семејство.
Од срце му честитам на Наум Додевски, среќниот меѓу најхрабрите, што го извади Светиот Крст. Нека му е со здравје, среќа и бериќет, а благословот нека се прелее во секој дом.
Градот ни замириса на традиција, топлина и дружење.
Илјадници порции топли пивтии, греано вино и ракија ги собраа луѓето околу трпезата, но македонското оро и насмевките, и заедничката споделена радост покажаа колку ни значи заедништвото.![]()
Тоа е Крива Паланка каква што ја сакаме, жива, сплотена и со душа.
Нека светите води донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом“, објави градоначалникот.
