Фото: Принтскрин
Вечерва беше објавена тажна вест во српските медиуми дека починала Сенка Велетанлиќ, сопруга на пејачот и актер Зафир Хаџиманов.
Тажната вест ја објави нејзиниот син и познат музичар Васил Хаџиманов преку социјалните мрежи.
„Утрово си замина мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, баш како што ѝ доликува. Те сакам мамо“, напиша Васил.
