Фото: Принтскрин
Румен Радев во обраќање до бугарскиот народ кажа дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата.
„За последен пат ви се обраќам како претседател на нашата Бугарија. Сакам од сите да побарам прошка. Времето ја стави вашата доверба на тест, затоа ви благодарам на трпението“, кажа Радев.
Бугарските медиуми шпекулираат дека Радев планира да формира политичка партија и да учествува на предвремените парламентарни избори.
