Фото: Принтскрин
Македонката Тина Русева доби најмногу поени во финалето на „Гласот на Европа“ и успеа да триумфира пред конкуренцијата.
Тина Русева воодушеви со нејзините настапи, а по победата испрати кратка порака до своите фанови преку социјалните мрежи.
„Здраво луѓе мои, не знам што да кажам. Збунета сум, но најискрено ви благодарам за сите гласови, за споделувањата. Голема благодарност до сите вас“, кажа Тина.
