Фото: Принтскрин
Во второто коло од настапот на Европското првенство (ЕП), македонската репрезентација се соочи со силната селекција на Португалија, а уште во воведните минути публиката имаше што да види.
Марко Митев се истакна со мајсторски погодок кој го отвори резултатот.
Младиот ракометар ја презеде одговорноста на девет метри и со моќен шут без двоумење ја смести топката во мрежата.
