Фото: Tina Ruseva
Македонската пејачка Тина Русева доби најмногу гласови од публиката во „Гласот на Европа“, а со тоа и најмногу поени во трката за првата позиција на музичкото шоу.
Сепак, пред Тина е уште еден предизвик и треба да ги добие гласовите од жирито.
„Луѓе мои! Благодарам до секој еден од вас кој гласаше, сподели и ме поддржа во последната фаза од ова натпреварување. Убедливо ги добивме најмногуте гласови од страна на публиката“, објави Тина.
