Фото: Принтскрин
Македонската пејачка Тина Русева триумфира на популарното музичко шоу „Гласот на Европа“, односно го освои првото место со неверојатни 2.000 поени.
Тина доминираше во однос на конкуренцијата и доби најмногу гласови од публиката, а потоа следеше и оценувањето од страна на жирито, по што заслужено го освои првото место.
Тина Русева е извонреден талент, а тоа претходно го покажа и на „Гласот на Германија“, каде што ги освои симпатиите на публиката.

