Фото: Венко Крстевски
Поранешниот в.д. градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски реагираше на социјалните мрежи откако актуелниот градоначалник Владко Грозданов и претставници од Одделението за урбанизам од Општина Кочани оствариле средба со пицериите од Трговскиот центар блок А со цел да се најде решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата.
„Јас како градоначалник дадов наредба да се поведе постапка за отстранување на овие дивоградби кои претставуват голема опасност за жителите и минувачите на тој простор. Новиот градоначалник Владко Грозданов после три месеци работа утврдува и самиот дека се дивоизградени објекти и јасно се знае што предвидува законот (отстранување), секое негово понатамошно непостапување ќе значи злоупотреба на функцијата.
Прво, градежниот инспектор (Николчо Гоцев) не е обвинител, ниту судија и не е тој што ќе одлучи дали кривичната постапка ќе биде прекината (во случајот нема елементи за прекинување на постапката). Отстранувањето на дивоградбите може да биде само олеснителна околност за обвинетите во делото (доколку сами си ги отстранат).
Второ, во оваа прилика го повикувам Јавното обвинителство да ја преиспита улогата на градежниот инспектор Николчо Гоцев, бидејќи долги години е градежен инспектор во Општина Кочани, дали со непостапување и со неговото ,,делување” им помогнал на истите лица да направат дивоградби и да вршат економска дејност во нив.
Трето, исто така го повикувам Јавно обвинителство да ја преиспита улогата на другиот градежен инспектор (Буби го боле мео) и да се утврди дали има кривична одговорност (Злоупотреба на службена положба) во неговото работење при изготвување на Записник и Решение за отстранување на истите дивоградби (поради незапазување на законистоста на процедурата беа поништени од второстепена комисија), исто така и за непојавување на ден на рушење.
Четврто, тој простор е приватна сопственост на повеќе од 170 лица, така да Општина Кочани не располага со просторот.
П.С. После ,,Пулс” не им доаѓа паметот на ,,угостителите” во Кочани“, пишува Венко.
