Фото: Принтскрин
Системот „Сејф Сити“ долго време беше најавуван и конечно треба да почне од 1 февруари 2026 година, а тоа го потврди и премиерот Христијан Мицкоски.
„Очекувам измените во Законот за прекршоци да се изгласаат на следната собраниска седница“, кажа Мицкоски.
На лидерската средба било договорено да се поддржат измените во Законот за прекршоци, што значи дека тој ќе помине со двотретинско мнозинство и „Безбеден град“ ќе почне од 1 февруари.
