Фото: Принтскрин
Во тешка сообраќајка, која се случила утрово во 8 часот на автопатот „Милош Велики“, учествувале дури 10 возила во Србија.
Првичните информации се дека во судирот биле инволвирани девет патнички возила и еден камион, при што четири лица се примени во болница.
„Во ургентната Општа болница Чачак се вкупно четири лица повредени во сообраќајката, а едно лице е испратено на Интензивна нега“, соопштија од болницата.
