Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) ЈСП објави важно потсетување за студентите и пензионерите

Gladiator 15/01/2026

Фото: Принтскрин

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје објави важно потсетување за студентите и пензионерите кои го користат јавниот превоз во главниот град на Македонија.

„Повторно потсетување за корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година.

ЈСП СКОПЈЕ излегува во пресрет на потребите на студентите и ќе има разбирање, и во таа насока ќе прави отстапки за казнени санкции до 20.01.26 година. Замолуваме до посочениот термин, студентите да ги заведат своите годишни билети.

Продолжувањето/заверувањето на билетот започна од 25.12.25, и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

Воедно, ЈСП СКОПЈЕ ги потсетува и своите корисници на билети за возрасни лица од “старосна група – над 62/64 години”, заверката на истите за 2026 година, да ги направат во било кој од центрите за персонализација до 31.01.2026 година. Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација.

Сите билети за возрасните лица од “старосна група – над 62/64 години”, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани. Доколку после овој датум, сакаат да заверат месечен пензионерски билет од 300 денари (услуга која ја добиваат во било кој центар за персонализација или билетара), нема да можат тоа да го направат без заверка на бесплатниот годишен билет (кој мора да е заверен во некој од центрите за персонализација)“, објавија од ЈСП Скопје.

Tags: ЈСП пензионери студенти

Continue Reading

Previous: Калина Коси за „МојДДВ“: Политичарите ќе лапаат милиони, а народов ќе питачи за 700 бедни денари
Next: Пешак прегазен од 16-годишник во Скопје

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

10/03/2026
Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

10/03/2026
(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

10/03/2026
(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.