Фото: Младост Загреб
Клубот Младост соопшти тажна вест која ги потресе сите негови навивачи, а тоа е дека починала младата хрватска атлетичарка Ива Јовиќ на само 18-годишна возраст.
Ива на последното натпреварување успеа да постави нов личен рекорд во скок во далечина.
„Во последната борба за животот, се бореше похрабро од било кога. Се бореше храбро до крајот. Сега знаеме дека таа е наша најголема поддршка таму горе на небото“, објавија од Младоста Загреб.
