Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Калина Коси за „МојДДВ“: Политичарите ќе лапаат милиони, а народов ќе питачи за 700 бедни денари

Gladiator 15/01/2026

Фото: Принтскрин

Во изминатите денови имаше многу реакции од граѓани кои го користат „Мој ДДВ“, а сега се јави и Калина Коси, која го објасни нејзиниот став на оваа тема и истиот може да го прочитате во продолжение.

„Никогаш не го поддржував Мој ДДВ. Мерката требала да ги направи граѓаните своевидни даночни инспектори, демек да барале фискални сметки од продавачите и така да се намалела сивата економија. Мижи Асан. Оди побарај фискална на Пластичарска да те видам. Парагон блокчиња немаат, не па фискални апарати. И ние граѓаните ќе бидеме даночни инспектори? Државата кај е? Или не смее таму да влезе? Па влегува само од оваа страна на Вардар зошто е неспособна да спроведе ред насекаде. За некого мајка, за некого маќеа. Епа не се праи така држава и не се бори така со сива економија. А кога законите не ти важат за сите подеднакво, значи дека немаш држава! Крај на муабетот!

Реално, мој ДДВ не ги направи граѓаните инспектори, туку питачи за фискални! Бараат по Фејсбук да не има некој вишок сметка да ја скенира, одат по кафичи по маси собираат фискални, на каса во маркет се грабаат по расфрлани сметки кои што некој ги заборавил или оставил, се молат по луѓе за сметки од бензиска… Се ова сум видела со свои очи. Понижувачки! Зошто? За 700 денари месечно. Нит ќе се обогатиш, нит со тие пари можеш макар една сметка да платиш. Најстрашното е што народов е толку многу сиромашен што и тие пари многу му значат! Политичарите ќе лапаат милиони, а народов ќе питачи за 700 бедни денари! Мизерија! Крај и на овој муабет!

Знаете зошто мерката не била ефикасна? Не е ефикасна затоа што 14.5 милиони евра секои 3 месеци завршуваат кај 500 илјади домаќинства, а не кај функционерите во џеб! Малку им се парите што ни ги крадат, толку се алчни што и до тие 700 денари им стало, па сакаат да не одерат до гола коска! За леб и трошки да питаме! Ќе цркнат од мака што им ги зимаме! Ете затоа не е ефикасна. Само затоа! Крај на прикаската“, пишува Калина Коси.

Tags: ддв мојддв политичари

Continue Reading

Previous: Паднал договор меѓу политичарите: Познато кога ќе стартува „Сејф Сити“
Next: (ФОТО) ЈСП објави важно потсетување за студентите и пензионерите

Најново

  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!
  • Сообраќајна несреќа кај Кочани, повредени пет малолетници!
  • Нов пресврт за парите најдени во ѕид: Родителите на судијата продале нива за 400.000 евра

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026
Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

22/01/2026
Сообраќајна несреќа кај Кочани, повредени пет малолетници!

Сообраќајна несреќа кај Кочани, повредени пет малолетници!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!
  • Сообраќајна несреќа кај Кочани, повредени пет малолетници!
  • Нов пресврт за парите најдени во ѕид: Родителите на судијата продале нива за 400.000 евра

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.