Фото: Принтскрин
Словенечките медиуми пишуваат за голема сообраќајка која се случила утрово во околу осум часот, при што биле запалени неколку возила, а автопатот е затворен во двата правци.
Според првичните информации, во судирот учествувале комби и цистерна со нафта, а потоа избувнал и пожар.
Полицајците го затвориле автопатот во двата правци, додека на терен се пристигнати пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Засега нема информации за повредени лица, но состојбата делува загрижувачки. Едно од видеата може да се погледне ТУКА.
