Фото: Принтскрин
Неверојатната пејачка Тина Русева воодушеви со нејзините настапи во „Гласот на Европа“, каде што обезбеди место во топ-6, односно големото финале кое ќе се одржи на 17 јануари, а гласањето почнува еден ден претходно.
„Неизмерно сум благодарна што стигнав до ТОП 6 и големото финале. Утре е последниот чекор од моето патување и вашата поддршка ми значи сè
Доколку верувате во мене и во мојот глас, ве молам поддржете ме со вашиот лајк (срце) на линкот и видеото кое што ќе биде објавено утре на Инстаграм од страна на “The Voice of Europe”. Линкот ќе биде објавен и тука кога ќе почне гласањето (во 18:00 часот).
Петок, 16 јануари – 18:00 часот
Сабота, 17 јануари – 18:00 часот
Гласањето трае 24 часа
ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Сабота, 17 јануари (вечер)
20:00 часот – 6 место
20:30 часот – 5 место
21:00 чадот – 4 место
22:00 часот – 3 место
22:30 часот – 1во место и 2ро место“, објави Русева.
