Фото: Принтскрин
Урбанистичкиот хаос во главниот град на Македонија продолжува и понатаму, а на социјалните мрежи се појави видео како „никнува“ уште една доградба.
На видеото кое го објавија од „Скопје Скопска“ се гледа дека врз зграда се доградува дополнителен простор.
„Битпазарски урбанизам. На постоечка зграда, врз поткровјето, уште два три спрата плус. Генијално…“, пишува во објавата.
