Фото: GladiatorVesti.mk
Од 1 јануари годинава секое семејство кое ќе има новороденче во општина Гази Баба ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари.
„Раѓањето на дете е најголемата радост, најголемата надеж и најсилната порака за иднината. Токму затоа, како локална самоуправа имаме обврска да бидеме поддршка на секое семејство во овој најважен животен момент.
Во 2022 година, по моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба, за прв пат ја воведовме мерката за финансиска помош од 5000 денари за секое новороденче. Тоа беше почеток на една политика која ја става грижата за семејството и децата во самиот фокус.
Во изборната кампања за последните локални избори ветив дека оваа поддршка ќе ја зголемиме на 6000 денари, затоа што верував дека секое семејство заслужува повеќе. Но, со внимателни анализи, одговорно и домаќинско управување со буџетските средства, успеавме да направиме уште еден чекор напред и ја зголемивме помошта на 8000 денари“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.
