Исчезнат 81-годишен маж – последно е виден кај Клинички центар!
Семејството и блиските упатуваат итен апел до јавноста за помош при пронаоѓање на Златко Максимовски (81), кој денеска околу 16:00 часот го напуштил Клиничкиот центар, по што му се губи секаква трага.
Според информациите, Златко има деменција, поради што постои сериозна загриженост за неговата безбедност.
Во моментот на исчезнувањето бил облечен во:
- црни фармерки
- маслинеста јакна
- капа (слична на онаа од фотографијата)
Со себе носел кеса со тигрест дезен.
Семејството апелира до сите граѓани:
Доколку го забележите или имате било каква информација, веднаш да се јавите на следните телефонски броеви:
075 333 054
070 583 237
Секој момент е важен.
Ве молиме апелот да се сподели со цел побрзо пронаоѓање!

