Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша потерница по Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец, а потоа избега од државата.
„Радио Лидер“ објави дека Саитов уште во 2022 година бил казнет од СВР Скопје, односно му била изречена санкција по член 225 став 9 поради возење без положен возачки испит.
Потоа пријава пристигнала и против неговиот татко за давање возило да управува лице без возачка дозвола. Загрижувачки е тоа што Саитов тогаш имал само 14 години.
Извор: Радио Лидер
