Фото: Принтскрин
Нуркачите од „АМФОРА“ објавија видео на кое покажаа дека запалиле василичарски оган во водите на Охридското езеро, со што на христијаните им ја честитаа Василица.
„И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите“, објавија од нуркачкиот центар.
