Фото: Принтскрин
Познатата водителка Кристина Димитри во разговор со „Бекстејџ Македонија“ откри дека добила интересен совет од нејзиниот син.
Кристина открива дека синот ѝ дал совет да си најде маж за да не ја боли главата.
„Пред некоја вечер зборував со мојот син, тој ме праша зошто сум тажна. Му кажав дека ме боли главата, а тој ми одговори да си најдам маж и ќе ми помине, па така може еден маж да ми донесе за Нова година. Со оглед на тоа дека сум сама со години, веројатно, тој така си го замислил за мене. Тоа е негово лично, не е од мене иницирано“, кажа Кристина.
