Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) „Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје“, реагираат од „Анима Мунди“

Gladiator 12/01/2026

Фото: Принтскрин

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ побара итна истрага поради индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје.

„Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото владеење на правото.

🔹️Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња – животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел од постоечката улична популација и кои се појавија буквално преку ноќ. Станува збор за нестерилизирани и необележани кучиња, што јасно укажува дека ова не може да биде природен прираст, туку насилна дислокација.

❗️Јавно и одговорно тврдиме дека станува збор за организирано внесување кучиња, затоа што ЈП „Лајка“ нема оставено, ниту пак има испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје. Граѓаните со години ги познаваат кучињата во своите маала – овие животни не се нивни. ❌️Дополнително, нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни.

БАРАМЕ целосна проверка на сите безбедносни камери, јавни и приватни, на локациите каде кучињата се појавиле, како и на сите влезно-излезни правци кон Скопје.

Бараме МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој, како и од каде ги транспортира и истовара овие животни, затоа што ова не е изолиран чин, туку логистички организирана активност.

Масовното напуштање и дислоцирање на кучиња претставува суровост, но и сериозна општа опасност. Затоа Анима Мунди одамна бара измена на законската рамка. Поднесовме конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со кои бараме најстрого регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и предлог-измени на Кривичниот законик со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност ќе се третираат како кривични дела, по примерот на Република Хрватска.

❗️Истовремено упатуваме јавен и итен повик до ЗЕЛС – ова прашање мора да се отвори и дискутира на ниво на сите градоначалници. Секоја општина мора да ја третира проблематиката со уличните кучиња хумано и согласно закон: со масовна стерилизација, јасна евиденција и најстроги санкции секаде каде што ќе се утврди доказ за масовно дислоцирање.

Јасно укажуваме: ниту Лајка , ниту било кое јавно претпријатие, НИТУ СТО ЛАЈКИ не можат да го решат овој проблем во услови на институционална инертност и толерирање на криминал. Ова не е проблем на една општина. Ова е системска злоупотреба и мора да биде санкционирана.

Бараме истрага, одговорност и итни мерки веднаш и насекаде за да се фатат сторителите и најстрого одговараат, согласно закон“, велат од здружението.

Tags: анима мунди кучиња улични

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Уапсено лицето кое ја нападна бугарската амбасада во Скопје
Next: Почетокот на „Сејф сити“ ќе биде одложен!?

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

10/03/2026
Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

10/03/2026
(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

10/03/2026
(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.