Фото: Принтскрин
Саит Саитов е возачот кој прегази жена во скопски Капиштец, а потоа избега од Македонија со помош на татко му и уште неколку лица, но загрижувачки е тоа што на неговиот профил на Инстаграм може да се забележи дека и претходно прекршувал правила.
Според снимката која сам ја има објавено на социјалните мрежи, може да се забележи дека уште како малолетен управувал со возилото „Пасат“ и тоа со поголема брзина од дозволената.
