Фото: Принтскрин
ВМРО-Народна партија го соопшти својот став за употребата на македонскиот јазик, по препукувањата меѓу Македонија и Бугарија во изминатиот период.
Партијата на Љубчо Георгиевски објави дека проблемот за јазикот е решен уште пред 20 години.
„Македонски јазик според Уставот на Република Македонија и бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија“, велат од партијата.
