Фото: Принтскрин
Сериозен инцидент се случил вчера во трговскиот центар „Медитеран Космос“ во Солун, каде што често пазарат Македонците.
На снимките кои беа објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека паднал таванот, а грчките медиуми известуваат дека една жена е тешко повредена.
Жената има 45 години и се здобила со повреди на вратот и главата, по што била пренесена во болница.
