Фото: Принтскрин
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги суспендира македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред почетокот на Европското првенство (ЕП).
ЕХФ објави дека постојат сомнежи дека Начевски и Николов наводно го лажирале фитнес тестот.
„Овој процес е осмислен со цел да се обезбеди физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со перформансните стандарди на турнирот.
Тој вклучува доставување на две видео-снимки од т.н. „Мултистејџ фитнес тест“ – едната направена осум недели, а другата четири недели пред почетокот на ЕХФ ЕУРО. Снимките ги оценува фитнес-партнерот на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro.
По доставувањето на видеата од страна на Николов и Начевски, Европската ракометна федерација кон крајот на декември беше известена дека поднесените снимки можеби биле изменети и дека не претставуваат веродостоен и целосен запис од тестот“, соопшти ЕХФ.
